☀ Станете покровител
Large GCompris Logo

GCompris

Жикомпри е високо квалитетен образовен софтверски пакет, кој вклучува голем број активности за деца на возраст од 2 до 10 години.

Некои од активностите се ориентирани кон игра, но сепак се образовни.

Еве го списокот со категории со активности низ неколку примери:

  • компјутерско запознавање: тастатура, глувче, екран на допир ...
  • читање: букви, зборови, вежба за читање, пишување текст ...
  • аритметика: броеви, операции, меморија, набројување ...
  • наука: затворање на каналот, циклус на водата, обновлива енергија ...
  • географија: земји, региони, култура ...
  • игри: шах, меморија, порамнување 4, бесилка, тик-так-тое ...
  • друго: бои, форми, брајово писмо, научи да кажуваш точно време ...

Во моментов Жикомпри нуди повеќе од 100 активности и уште повеќе се развиваат. Жикомпри е слободен софтвер, тоа значи дека можете да го прилагодите на вашите сопствени потреби, да го подобрите и што е најважно да го споделите со децата насекаде.

Проектот Жикомпри е вклучен и развиен од KDE заедницата .


Последни вести

2021-03-21 
gcompris 1.1

Здраво,
Со задоволство го најавуваме објавувањето на верзијата 1.1 на Жикомпри.

Ова e минорна верзија, така што секоја GNU/Linux дистрибуција која има верзија 1.0 треба да се ажурира на 1.1.

Еве резиме на вклучените промени:

  • Графичкиот приказ е подобрен за 21 активност.
  • Поправивме многу грешки.
  • Додадена е верзија со поддршка за Ubuntu Touch.
  • Поправен е правописот на турските области.
  • Додадовме алтернативен минимален .msi пакет за Windows.
  • Жикомпри е прелиценциран на AGPLv3 поради зависност во активноста аналогна електроника.

  • Од страна на преводи:

  • Завршени се преводите на албански, белоруски, бразилски, португалски и руски јазик.
  • Македонскиот и ирскиот галски јазик се вратија (делумен превод со над 80% засега).
  • Додадена е колекција на зборови за активности со речник на македонски и албански јазик.
  • Сите гласови се додадени за литвански.

  • Сега имаме 27 целосно поддржани јазици: албански, баскиски, белоруски, бразилски португалски, бретонски, британски англиски, каталонски, каталонски (валенсија), кинески традиционален, холандски, француски, грчки, еврејски, унгарски, индонезиски, италијански, македонски, малајаламски, полски, португалски, романски, руски, словенечки, шпански, шведски, турски и украински.

    Имаме и четири делумно поддржани јазици: германски (91%), ирски галски (87%), литвански (96%) и норвешки нинорск (85%).

    Пакетите од оваа нова верзија за GNU/Linux, Windows и MacOS можете да ги најдете на download page. Ова ажурирање наскоро ќе биде достапно во продавницата Android Play, складиштето F-Droid и продавницата Windows. Пакетот за Raspberry Pi исто така ќе биде достапен наскоро.

    Ви благодариме на сите,
    Timothée & Johnny

    2020-11-19 
    gcompris banner

    Здраво,
    За да прославиме 20 години Жикомпри, со задоволство го најавуваме објавувањето на верзијата 1.0 на Жикомпри.

    Оваа нова верзија содржи нова голема функционалност: менито Поставки за активност со избор на податочно множество за повеќе од 50 активности, што овозможува да се избере поконкретно што може да се научи за активностите.

    Додадовме и 4 нови активности:

  • Долго очекуваната активност Аналогна електроника што ни овозможува да цртаме кола и да ја извршуваме нивната симулација.
  • Научете броеви и две под-активности за да научите собирање и одземањe. Целта е да ги научат овие концепти помaлите деца, со лесни пресметки.
  • Бебешка тастатура каде што, кога ќе се напише карактер од тастатурата, ние го прикажуваме на екранот и го пуштаме соодветниот глас доколку тој постои.
  • Гравитација, која ја заменува старата Интро гравитација, подобро го објаснува концептот и е пореална.

  • Може да најдете пакети од оваа нова верзија за GNU/Linux, Windows, MacOS и Raspberry Pi на страницата за преземање. Оваа надградба исто така ќе биде достапна наскоро во продавницата Android Play, складиштето F-Droid и Windows продавницата. Забележете дека пакетот за MacOS не е заверен.

    На оваа страница можете да го проверите статусот на гласовите на вашиот јазик: https://gcompris.net/voicestats/. Можете да ни помогнете со обезбедување на убава снимка од вашиот глас за сите записи што недостасуваат на вашиот мајчин јазик.

    Од страната на преводот, имаме 22 целосно поддржани јазици: баскиски, бретонски, британски англиски, каталонски, каталонски (валенсија), кинески традиционален, холандски, француски, грчки, хебрејски, унгарски, индонезиски, италијански, малајаламски, полски, португалски, романски, словенечки, шпански, шведски, турски, украински.

    Имаме и 4 делумно поддржани јазици: белоруски (85%), бразилски португалски (92%), германски (89%), литвански (84%).

    Како што беше кажано во претходните вести, решивме да прикажеме преводи што се најмалку 80% завршени за да им овозможиме на децата да имаат подобро искуство, а не половина преведен софтвер. За жал, мораше да се тргнат преводите за: естонски, фински, ирски галски, шкотски галски, галициски, хинди, македонски, норвешки нинорск, руски, словачки и кинески поедноставен.

    Ако вашиот јазик е во делумно поддржаната листа, или го нема повеќе или сè уште не е поддржан, и сакате да помогнете, контактирајте не (support@gcompris.net) и ние ќе ви дадеме упатства за да започнете со превод.

    Друг начин да помогнете е да напишете неколку објави во вашата заедница за Жикомпри и не двоумете се да ни дадете повратни информации.


    Ви благодариме на сите,
    Timothée & Johnny

    Сите вести